| четврток, 6 декември 2018 |

Легализирани една третина од дивоградбите во Гевгелија

Околу 1.500 дивоградби биле легализирани на територијата на Гевгелија во текот на 2012 година, информира Одделението за урбанизам на Oпштина Гевгелија.

Во општината биле поднесени вкупо 4.120 барања за легализирање објекти, од кои позитивно биле решени една третина, 1.435, а преостанатите две третини ќе бидат разгледувани во текот на годинава. Стотина предмети, за кои недостасува елаборат или не се платени обврските, ќе бидат стопирани, а објектите ќе бидат отстранети, поради пречекорување на сите рокови за плаќање на обврските, велат од Oпштината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top