| четврток, 6 декември 2018 |

Истече рокот за комплетирање барања за легализација на дивоградби од 2011 и 2016

Истече и дополнителниот рок во кој можеше да се комплетира потребната документација за барањата за легализација на дивоградби поднесени до општините во тек на 2011 и 2016 година. Некомплетните барања за легализација, претежно со геодетски елаборат, беа причина за воведување на новиот дополнителен рок, кој завршува денеска.

Агенцијата за катастар на недвижности, со процесот на легализација што стартуваше во март 2011 година, заклучно со 31 мај годинава легализирани се 202.110 дивоградби и се впишани во катастарот.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година на територијата на Македонија биле изградени нови 762 дивоградби, или објекти за домување, доградби, надградби и адаптации, деловни објекти, гаражи, огради, скалила, тераси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top