Почина најдобелиот човек на светот, Американецот Рики Напути, кој тежеше 400 килограми. Тежината го донесе до смрт, бидејќи беше претежок за операција на желудникот. Лекарите му рекле дека мора да ослабне најмалку 40 килограми, а тој не успеал да ја намали килажата ни толку.
Беше оженет, а неговата сопруга Шерил изјави дека грижењето за него било како да имаш обврска да внимаваш на бебе.
– Кога се запознавме, тој веќе имаше вишок килограми, така што знаев во што се впуштам – изјави Шерил.
Рики бил толку тежок што едвај можел да дише, често останувал без здив, а од креветот не можел да стане со години. Тежок скоро половина тон, не можеел да оди сам до тоалет, а од станот не излегол седум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.