| четврток, 6 декември 2018 |

„Или-Или“ го издаде „Пиксел“ на унгарската авторка Кристина Тот

piksel
В среда, на 20 август, од 21 часот во клубот „Менада“ ќе се промовира романот „Пиксел“ од унгарската авторка Кристина Тот. Романот од унгарски го превеле Анамарија Цинеге Панзова и Златко Панзов и е во издание на „Или-Или“. За романот ќе зборува Владимир Јанковски, а на присутните ќе им се обрати и авторката, која оваа година ќе биде учесник и на Струшките вечери на поезијата.
 Во „Пиксел“ секое од триесетте поглавја може да се чита како засебна приказна; приказни за љубовта, осаменоста, неуспешните обиди за комуникација и себепронаоѓање, зграпчени мигови кои откриваат решавачки моменти во нечиј живот, моменти кога неговата или нејзината судбина засекогаш е променета – или во кои се решава таа никогаш да не се промени. Овие приказни се како пиксели кои сочинуваат една поголема слика, сите карактери се појавуваат, исчезнуваат, па повторно стапуваат на сцена како танцувачи во кореографија која му е позната само на нараторот, и читателот кој константно го бара клучот и поврзаноста меѓу настаните и ликовите од приказна во приказна.
kristina tot
Кристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска книжевност. Поминала две години на стипендија во Париз. Од 1994 до 1998 година работела на Францускиот институт во Будимпешта.  Таа е една од најпрокламираните поетеси во Унгарија.
Има добиено неколку награди и нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици.
Живеее во Будимпешта и освен со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира витражи.
Позначајни нејзини дела се: „Есенското палто се бранува“ (1989, поезија), „Нишката на разговорот“ (1994, поезија), „Лондонските мечиња“ (2003, песни за деца), „Баркод“ (2006, кратки раскази), „Висока топка“ (2009, поезија), „Пиксел“ (2011, роман), „Аквариум“ (2013, роман).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top