Во последниот натпревар од фазата по групи Македонската кадетска репрезентација во ракомет денеска загуби катастрофално од Данска со 20-38. Данските ракометари од самиот почеток на натпреварот дадоа до знаење дека избраниците на Александар Јовиќ нема што да баат во овој меч. По само неколку минути водеа со 6-0 и натпреварот можеше тука да заврши. Македонските ракометари се мачеа да реализираат во нападот, а првиот гол го постигнаа дури во десеттата минута.
Во првото полувреме Македонија успеа да даде само шест гола а прими друи 17.
Во вториот дел данците се опуштија и намоменти играа атрактивно и неконцетрирано во одбраната овозможувајќи им на нашите играчи да постигнат неколку голови во серија и да стигнат до крајот до 20 голови.
Данците кој најавија пред почетокот на првенството дека не се во најсилниот состав, со овој натпревар докажаа дека се фаворит за медал и борба во самата завршница на првенството.
Македонија во групата е последна без освоен бод, и ќе се бори за пласман од 9-16 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


