| четврток, 6 декември 2018 |

Европа не смее да замижи пред грчки холокауст

Да би­де­ме на­чи­сто, свет­ската јав­ност точ­но го пре­поз­на­ва из­во­рот на проб­ле­мот око­лу та­ка­на­ре­че­нотo прaша­ње за име­то. Иа­ко лич­но не­ма ни­ту тро­шка раз­би­ра­ње за ап­сурд­но­ста во грч­ки­те ба­ра­ња, кои се гра­ни­чат со са­ди­зам, јав­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја вле­гу­ва во па­ра­лел­на ди­мен­зи­ја во ко­ја глав­на уло­га има­ат фор­ма­та и ор­га­ни­за­ци­ски­те пра­ви­ла на игра. Но ко­га ве­ќе ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет се ста­ва на ма­са, не смее да се доз­во­ли тие да би­дат преч­ка за да се за­ста­не на па­тот на нов хо­ло­ка­уст

Ако со­вре­ме­на­та до­ми­нант­на за­пад­на ци­ви­ли­за­ци­ја се сме­та за врв во чо­ве­ко­ва­та ево­лу­ци­ја за­тоа што, пред сѐ, вни­ма­ва на ху­ма­ни­стич­ка­та цр­та, то­гаш грч­ко­то са­мо­во­лие и са­ди­змот кон Ма­ке­до­ни­ја и кон Ма­ке­дон­ци­те стануваат уште поап­сурд­ни.

Ко­га ди­скри­ми­на­ци­ја­та и кр­ше­ње­то на ос­нов­но­то на­че­ло на са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње и на са­мо­и­ден­ти­фи­ка­ци­ја се зат­скри­ва зад фор­ма­та на вна­треш­но ор­га­ни­зи­ра­ње на при­вре­ме­ни ме­ѓу­на­род­ни ор­га­ни­за­ции, то­гаш па­ѓа­ат во во­да си­те тие ба­ра­ња и прет­при­стап­ни пог­лав­ја што се од­не­су­ва­ат на за­шти­та на чо­ве­ко­ви­те пра­ва и на ет­нич­ка­та, вер­ска и по­ло­ва рам­но­прав­но­ста. Отка­ко до­бро­со­седс­тво­то поч­на да се тол­ку­ва не са­мо ка­ко на­мет­ну­ва­ње вол­ја, ту­ку и ка­ко џо­кер во шпи­лот во кој ни­ту ед­на кар­та не е во сог­лас­ност со ос­нов­ни­те на­че­ла на здру­жу­ва­ње­то на­ре­че­но ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца, бе­ше јас­но де­ка иста­та таа за­ед­ни­ца има на­ме­ра да го трг­не пог­ле­дот од цен­та­рот на Бал­ка­нот. Тој цен­тар што, исто­ри­ски, не­кол­ку па­ти е оста­вен на ми­лост и на не­ми­лост на исти­те идеи, кои и де­не­ска го ма­тат па­ме­тот веднаш штом ќе се до­бие мал­ку по­го­ле­ма пред­ност во од­нос на со­се­ди­те.

 

Пре­се­да­нот ба­ра пре­се­дан

Во пре­срет на гер­ман­ски­от со­бир по­све­тен на За­пад­ни­от Бал­кан, ма­ке­дон­ско­то чес­тву­ва­ње на Илин­ден по­втор­но бе­ше иско­ри­сте­но за да се упа­ти по­ра­ка кон све­тот да се свр­ти кон Ма­ке­до­ни­ја. Да не ги за­тво­ра очи­те пред ап­сурд­но­ста на Гр­ци­ја, но и да не им да­ва си­ла во неј­зи­ни­те оби­ди за обез­ли­чу­ва­ње на цел еден на­род.

– Да се приз­нае јав­но од не­кои од нив де­ка тре­ба да се пре­го­ва­ра за име­то и за иден­ти­те­тот, во си­ту­а­ци­ја ко­га да се не­ги­ра не­чиј иден­ти­тет, е ед­на­кво на бри­ше­ње на ед­на на­ци­ја, е по­губ­но и е по­ка­за­тел кол­ку рам­но­душ­но или, пак, по­врш­но или неподготвено се при­ста­пу­ва кон ова пра­ша­ње – по­со­чи пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски во илин­ден­ска­та по­ра­ка.

И де­нес, за жал, е акту­ел­на кон­ста­та­ци­ја­та на по­ра­неш­ни­от из­ве­сту­вач за ма­ке­дон­ски­те по­стиг­ну­ва­ња во евро­пе­и­за­ци­ја­та, Ерих Ме­јер. И са­ми­от не­кол­ку па­ти под­ло­жен на грч­ки при­ти­со­ци, уце­ну­ва­ња и ме­стен­ки. Не­го­ви­от из­ме­нет из­ве­штај во кој „ма­ке­дон­ски“ пре­ку ноќ до­би предз­нак „сла­во“ се по­ја­ви и на сај­тот на Европ­ски­от пар­ла­мент, со сме­не­то име на ја­зи­кот на на­ша­та др­жа­ва. Уште таа 2008 го­ди­на бе­ше јас­на дол­го­роч­на­та стра­те­ги­ја на Ати­на, но и де­ка Ма­ке­до­ни­ја е на пат да би­де пр­ва­та зем­ја на ко­ја ЕУ ќе ѝ ги ос­по­ру­ва ја­зи­кот и иден­ти­те­тот. Иста­та таа ЕУ, чи­ја­што по­ли­ти­ка е ду­ри и фи­нан­си­ски да ги по­ма­га ја­зи­ци­те на неј­зи­на те­ри­то­ри­ја, ме­ѓу кои и ше­е­се­ти­на ја­зи­ци што се збо­ру­ва­ат на ре­ги­о­нал­но ни­во, но и не­кол­ку што се во изу­ми­ра­ње.

Иа­ко Ме­јер из­ја­ву­ва­ше: „Гр­ци­те не мо­жат да ви го сме­нат иден­ти­те­тот, тоа е ва­ше вна­треш­но пра­ша­ње, а не нив­но“, и за не­го тоа бе­ше „нон сенс“, во ед­на при­го­да ус­пеш­но го до­ло­ви мо­мен­тот, кој и де­нес е при­чи­на­та за мол­кот на Евро­па пред не­кол­ку­де­це­ни­ски­от на­лет на Гр­ци­ја.

– За­пад­ни­те раз­ви­е­ни де­мо­кра­тии се нај­доа за­те­че­ни од ус­ло­ву­ва­ње­то на Гр­ци­те за при­е­мот на Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ и во НАТО. Всуш­ност, ни­ту ед­на од го­ле­ми­те си­ли не мо­жеше да прет­по­ста­ви де­ка во екот на про­ши­ру­ва­ња­та не­кои од но­ви­те член­ки се­га ќе ги зло­у­по­тре­бат пра­ви­ла­та на игра за ус­ло­ву­ва­ње на ид­ни­те член­ки за сопс­твен бе­не­фит, а на ште­та на ор­га­ни­за­ци­ја­та – по­со­чи Ме­јер.

Во та­ков на­лет се нај­де Ма­ке­до­ни­ја пред Гр­ци­ја, но и пред Бу­га­ри­ја. Се нај­де и Хр­ват­ска пред Сло­ве­ни­ја, но со ши­ре­ње­то на „клу­бот“ на исток, ва­кви­те при­ме­ри ќе би­дат сѐ по­че­сти. Вре­ме­то, пак, отка­ко се ди­ску­ти­ра во рам­ки на ООН ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја, по­ка­жу­ва де­ка за­пад­на­та ци­ви­ли­за­ци­ја, таа што не ни по­мис­лу­ва­ла де­ка не­кои член­ки ќе ги зло­у­по­тре­бат пра­ви­ла­та, има на­ме­ра тие пра­ви­ла и да ги из­ме­ни. Од­нос­но, да си ја приз­нае гре­шка­та. А тоа ве­ќе би би­ло нов пре­се­дан.

 

Aktuelno101-2

 

Две­те стра­ни на пра­во­то

Јас­но е де­ка све­тот и Евро­па ба­ра­ат прав­на рам­ка со ко­ја би го оправ­да­ле вме­шу­ва­ње­то во на­о­ѓа­ње ре­ше­ние. Та­ков бе­ше слу­ча­јот со Ко­со­во, еден од при­ме­ри­те на кои ма­ке­дон­ска­та јав­ност ука­жу­ва. Вто­ри­от мо­мент е сло­ве­неч­ко-хр­ват­ски­от спор. И до­де­ка во пр­ви­от слу­чај се ра­бо­те­ше за две стра­ни што беа над­вор од „си­сте­мот“, а при­тоа по­сто­е­ше и ре­зо­лу­ци­ја на ООН, во слу­ча­јот со Љуб­ља­на ре­ше­ни­е­то по­чи­ва­ше во пра­во­то за вод­ни те­ри­то­рии. Со тоа, Сло­ве­ни­ја ка­ко член­ка на ЕУ оста­на не­на­вре­де­на или по­ни­же­на пред кан­ди­да­ти­те за влез во си­сте­мот.

Слу­ча­јот со по­ни­жу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от на­род, пак, е со­се­ма по­и­на­ков. Не­ма ни­ту еден со­од­ве­тен при­мер од пра­вен ас­пект, кој мо­же да пос­лу­жи ка­ко пој­дов­на ос­но­ва, а при­тоа да не се „на­вре­дат чув­ства­та“ на Ати­на (а во слу­ча­јот и на Со­фи­ја).

Од дру­га стра­на, пред нос на Ма­ке­дон­ци­те е до­го­во­рот со кој е при­фа­те­но да се раз­го­ва­ра за да се дој­де до за­ед­нич­ко при­фат­ли­во ре­ше­ние за раз­ли­ки­те око­лу име­то. Всуш­ност, кол­ку и да се тег­нат раз­го­во­ри­те, сѐ до­де­ка има пре­го­ва­рач и ни­ед­на од стра­ни­те не се отка­жу­ва, ра­бо­та­та за свет­ска­та јав­ност мо­же да би­де чи­ста. При­тоа, Ма­ке­до­ни­ја се од­не­су­ва ка­ко ве­ќе да е член­ка на Уни­ја­та и на НАТО, ги спро­ве­ду­ва си­те европ­ски за­ко­ни, учес­тву­ва во си­те ми­сии на НАТО ко­га се ба­ра тоа од неа. Па, ле­ги­тим­но е да се по­ста­ви пра­ша­ње­то кол­ка­ва би би­ла по­тре­ба­та да се из­бр­за и да се рас­и­пу­ва­ат од­но­си­те вна­тре, да се по­ни­жи ед­на­кви­от во клу­бот пред кан­ди­да­тот за влез, или, пак, да се ме­ну­ва прин­ци­пот на ед­ног­лас­ност, кој ва­жи са­мо при до­не­су­ва­ње на две важ­ни од­лу­ки за Уни­ја­та? И на крај, тоа што Ма­ке­до­ни­ја по Бу­ку­решт „ги до­би на суд“ Гр­ци­те по­ра­ди пре­кр­шу­ва­ње на пра­ви­ла­та за игра, по­втор­но е ра­бо­та на ООН, а не на ЕУ или на НАТО.

 

Тр­га­ње­то на пог­ле­дот ја изро­ди Злат­на зо­ра

Но, до­кол­ку е тоа та­ка и до­кол­ку тоа се пра­ви­ла­та на игра, то­гаш зо­што еден од два­та клуч­ни игра­ча на за­пад­на­та стра­на на све­тот со из­ја­ви за спо­рот го впле­тка и иден­ти­те­тот? И по­втор­но да би­де­ме на­чи­сто, гер­ман­ски­от кан­це­лар ни­ту на сон не би упо­тре­бил тер­мин де­ка се во игра и иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња. Осо­бе­но што Мер­кел над­вор од очи­те на јав­но­ста до де­таљ ги сле­ди на­ста­ни­те и цвр­сти­на­та на ди­ја­ме­трал­но спро­тив­ста­ве­ни­те ста­во­ви на Ати­на и на Скоп­је.

Тол­ку­ва­ња­та по­втор­но одат во две на­со­ки. Спо­ред ед­ни, Мер­кел јав­но ста­ва до зна­е­ње де­ка Гр­ци­ја во пре­го­во­ри­те из­ле­гу­ва од рам­ка­та во ООН, а со тоа по­втор­но ги кр­ши пра­ви­ла­та на игра. Од­нос­но де­ка Ати­на е да­ле­ку од „до­бро мом­че“. Кон тоа се до­да­ва­ат и грч­ки­те ана­ли­зи и на­пи­си во вес­ни­ци­те де­ка гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка има сим­па­тии кон Ма­ке­до­ни­ја и жел­ба што по­ско­ро да ја има по­крај се­бе во Уни­ја­та. А та­кви­от од­нос, имај­ќи ја пред­вид и пре­су­да­та за пре­кр­шен ме­ѓу­на­ро­ден до­го­вор, е че­кор кон вра­ќа­ње на Ати­на во рам­ка­та на спо­год­ба­та.

Дру­га­та ли­ни­ја на тол­ку­ва­ња се де­ка иа­ко Гер­ма­ни­ја са­ка да се по­ста­ви ка­ко ло­ко­мо­ти­ва за брз влез на За­па­ден Бал­кан во за­пад­ни­те ор­га­ни­за­ции, а при­тоа Ср­би­ја и Ма­ке­до­ни­ја се нај­по­год­на поч­ва, се­пак до­се­гаш­ни­те оби­ди на дру­ги др­жав­ни­ци пад­на­ле во во­да. Ме­ѓу кои и оби­дот на САД да ја вне­сат зем­ја­ва во НАТО спо­ред При­вре­ме­на­та спо­год­ба. При­тоа, со на­ве­сту­ва­ње­то на иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња, на ма­са се ста­ва до­пол­ни­те­лен при­ти­сок врз Ма­ке­до­ни­ја и уште по­го­ле­мо од­да­ле­чу­ва­ње на евен­ту­ал­но мож­но ре­ше­ние. Да не се за­бо­ра­ви и де­ка Гер­ма­ни­ја во ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си се по­ста­ву­ва по прин­ци­пот „ре­ал­по­ли­тик“, од­нос­но ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те врз ос­но­ва на си­ла, пра­ктич­ност и ма­те­ри­јал­на ко­рист, без чув­ства или етич­ки прин­ци­пи.

Се­пак, ка­ков и да е ис­хо­дот од бер­лин­ски­от са­мит, јас­но е де­ка по дол­ги го­ди­ни на ви­де­ли­на отво­ре­но исп­ли­ву­ва глав­но­то ба­ра­ње на Гр­ци­ја – обез­вред­ну­ва­ње на це­ла ед­на на­ци­ја, а не тер­ми­но­ло­шко раз­гра­ни­чу­ва­ње на те­ри­то­рии. За­тоа, за оче­ку­ва­ње е да ре­а­ги­ра свет­ска­та јав­ност би­деј­ќи Ма­ке­до­ни­ја не мо­же и не смее да оста­не са­ма во бор­ба­та про­тив нов хо­ло­ка­уст. Спо­ред искус­тво­то со Злат­на зо­ра, овој пат ра­бо­ти­те мо­ра да се на­ре­ку­ва­ат со ви­стин­ско­то име и да се исе­чат на вре­ме. За да не би­де по­втор­но Ме­јер во пра­во со ста­вот: „За­пад­ни­те де­мо­кра­тии не мо­жеа да прет­по­ста­ват де­ка…“

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 101. број на неделникот „Република“, 8.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top