| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар подобар од Металопластика

metalurg-vardar-7Вардарци ја продолжија победничката серија на струшкиот ракометен турнир, откако во второто коло во групата ја победија и екипата на Металопластика со 29:26 (15:13). Со оваа победа “црвено-црните”обезбедија место во финалето на турнирот, а противникот е скопски Металург.

Нашите ракометари одлично стартуваа, но и Металопластика имаше што да покаже, и го израмни резулатот, а потоа успеа и да поведе. На овој меч на голот го немаше Арпад Штербик, а меѓу стативите беше Петар Ангелов.

Избраниците на Раул Гонзалес одлично одиграа во финишот на првиот дел и со цврста игра во одбраната, но и ефикасноста во нападот на одмор заминаа со предност од два гола, 15:13.

Вардар продолжи со добрата игра и во вториот дел, во кој по 10 минути игра стигна до предност од пет гола, при резултат 21:16. Но, во продолжение ракометарите на Металопластика направија серија од 5:1, со што му се доближија на нашиот тим на само еден гол разлика, 22:21. Сепак, противникот не успеа да го израмни резултатот. До крајот на натпреварот Вардарци постигнаа уште седум голови,додека противникот пет, за конечни 29:26.

Најефикансни во тимот на Вардар беа Лазаров, Душебајев и Брумен со по пет погодоци. Одличен натпревар одигра и Петар Ангелов, кој имаше 12 успешни интервенции. Додека за Металопластика Обрадовиќ и Драгичевиќ постигнаа ист број на голови, а блескаво издание имеше и нивниот чувар на мрежата Дарко Арсиќ со 19 интервенции.

Вардар – Металопластика    29:26 (15:13)

Вардар: Милиќ, Ангелов (12 одбрани), Стоилов, Лацковиќ 3, Брумен 5, Прибак, Терзиќ 1, Тоскиќ, Милиќ, Јовчески, Марковиќ 2, Карачиќ 2, Душебаев 5, Абутовиќ, Лазаров 5, Растворцев, Дибиров 4, Горбок 2.

Металопластика: Арсиќ (19 одбрани), Драгичевиќ 5, Миловановиќ, Дакиќ 3, Вујачиќ 2, Палевиќ 3, Делибашиќ, Остоиќ 3, Владисавлевиќ, Обрадовиќ 5, Марковиќ 3, Савиќ, Јевтиќ, Милошевиќ, Бојаниќ, Петровиќ, Стевановиќ, Лековиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top