| четврток, 6 декември 2018 |

ОН ќе помага со храна за загрозените од ебола во Африка

Ebola-IMAGE-11ОН ќе jа зајакнaт помошта во храна за да биде достапна за околу милион луѓе загрозени од еболата во Западна Африка, соопшти денеска Светската програма за храна.

Вонредната состојба и острите ограничувања во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне се закана за прехранувањето на луѓето, истакнува портпаролот на Светската програма за храна, Фабиен Помпе.

– Погодена е трговијата, луѓето не може да заминат на своите ниви, а на пазарите цените растат така што најсиромашните имаат проблем да се прехранат, истакна Помпе.

Светската програма за храна од утре покренува специјална авио-линија со која еден авион ќе ги поврзува трите најзагрозени држави. Исто така ќе бидат користени и два хеликоптера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top