ОН ќе jа зајакнaт помошта во храна за да биде достапна за околу милион луѓе загрозени од еболата во Западна Африка, соопшти денеска Светската програма за храна.
Вонредната состојба и острите ограничувања во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне се закана за прехранувањето на луѓето, истакнува портпаролот на Светската програма за храна, Фабиен Помпе.
– Погодена е трговијата, луѓето не може да заминат на своите ниви, а на пазарите цените растат така што најсиромашните имаат проблем да се прехранат, истакна Помпе.
Светската програма за храна од утре покренува специјална авио-линија со која еден авион ќе ги поврзува трите најзагрозени држави. Исто така ќе бидат користени и два хеликоптера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари
-
Во ноќен клуб налетала на странец, а сега се омажи за него и стана принцеза
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие


