Македонскиот ракометен шампион Металург, игра во извонреден ритам и вечерва ја презеде лидерската позиција во СЕХА-лигата, со нова убедлива победа, над Извиѓач со 27-19. Во Љубушки, гостите од Скопје играа без Наумче Мојсоски и повредениот Дејан Манасков, но повторно и покрај заморот од настапите во ЛШ, одиграа на врвно ниво. Тихомир Додер беше предводник на разиграниот Металург со 7 погодоци, Вугринец даде 6, а за одбележување е голот првенец на младиот Бојан Маџоски.
Одбраната на македонскиот состав повторно беше на високо ниво, нападот одличен, па очекувано стаса новата победа. Металург е лидер во лигата со 33 бода, 2 повеќе од белорускиот Брест, кој има меч помалку.
Денеска (18 часот), вториот наш тим Вардар Про, гостува во Бањалука и со победа ќе остане во игра за место што гарантира настап на фајнал-форот. „Црвено -црните“ моментно со четвртопласирани со 27 бода, зад Металург, Брест и Загреб. Вардар е првиот победник на СЕХА-лигата, откако лани во Загреб, во финалето го победи токму Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


