Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал текстил“ Џенс Ванланд, денеска заедно на прес-конференција ќе информираат за процесот на реализација на инвестицијата на оваа германска компанија.
Компанија „Техникал текстил“ од Германија објави дека ќе инвестира 12 милиони евра и ќе вработи преку 500 лица во фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Штип.
За Македонија и за деловните поволности се информирале од престижен економски германски весник.
Изградбата на фабриката, најверојатно, ќе почне овој месец, а производството в година. Само во првата фаза ќе бидат вработени преку 500 работници.
Инаку, компанијата произведув изолациски материјали за градежната, автомобилската и за авионската индустрија, но како што најавија и претходно, покрај овој ќе инвестираат и во друг бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.