| четврток, 6 декември 2018 |

Германска компанија влегува во Штип – ќе инвестира 12 милиони евра и ќе вработи преку 500 лица

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал текстил“ Џенс Ванланд, денеска заедно на прес-конференција ќе информираат за процесот на реализација на инвестицијата на оваа германска компанија.

stip

Компанија „Техникал текстил“ од Германија објави дека ќе инвестира 12 милиони евра и ќе вработи преку 500 лица во фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Штип.

За Македонија и за деловните поволности се информирале од престижен економски германски весник.

Изградбата на фабриката, најверојатно, ќе почне овој месец, а производството в година. Само во првата фаза ќе бидат вработени преку 500 работници.

Инаку, компанијата произведув изолациски материјали за градежната, автомобилската и за авионската индустрија, но како што најавија и претходно, покрај овој ќе инвестираат и во друг бизнис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top