| четврток, 6 декември 2018 |

Проговори сопругата на Робин Вилијамс: Неодамна му открија неизлечива болест

robin

Сопругата на Робин Вилијамс (63), кој на почетокот на неделата изврши самоубиство во својот дом во Калифорнија, вчера изјави дека нејзиниот маж во последно време бил трезен, но дека неодамна му било дијагностицирана Паркинсова болест во рана фаза.

Сузан Снајдер во соопштението напишала дека нејзиниот сопруг сè уште не бил подготвен јавно да објави дека боледува од Паркинсова болест. Таа, исто така, додала дека тој страдал од депресија.

– Се надеваме дека по смртта на Робин другите ќе најдат сила да побараат помош и поддршка што им е потребна за што било со што се соочени за да ги оттргнат сопствените стравови – додала Снајдер.

Паркинсовата болест е неизлечива, а предизвикана е од наследно генетско нарушување во комбинација со досега неразјаснети фактори.

Симптомите се тешкотии во изведување на посакувани движења, изразито тресење при мирување, нарушување на мускулниот тонус со чувство за вкочанетост на мускулите и на движењата, нарушувања на одот, мимики и слично.

Прелиминарната истрага утврдила дека Вилијамс се обесил и умрел од задушување. Покрај него е пронајден и крвав џебен нож, а над дланките имал траги од крв, па се појавиле шпекулации дека претходно се обидел да си ги пресече вените.

Добар дел од животот Вилијамс се бореше со алкохолот и со наркотиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top