| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Гдањск и несреќен пораз на македонските јуниори од Русија (30-31)

Вистинска драма се одвиваше во полскиот Гдањск, а за жал првата епизода од јуниорското првенство за ракометари до 18 години немаше среќен крај за Македонија. Прокоцкавме чиста победа и загубивме од Русија со 30-31.

Предводени од Филип Талевски македонските јуниори постојано водеа во текот на целиот натпревар, најмногу со 5 гола разлика, а Русија поведе со 30-29 на две минути до крајот и успеа да победи. Потоа беше и два гола разлика, Македонија намали и имаше последен напад за реми, но не успеа да извлече барем еден бод. Филип Талевски на две секунди до крај се обиде со скок шут да израмни, а рускиот голман одбрани.

Утре ќе играме против Шпанија од 13 часот, а задутре е последниот дуел од Б групата против Данска. Во премиерниот меч од оваа група Шпанија со 27-25 ја победи Данска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top