| четврток, 6 декември 2018 |

По завршувањето на годишниот одмор, луѓето често се „болни“

leto

Истражувањето спроведено од „Травелекс“ во Велика Британија открива дека најмалку 25 отсто од вработените, по користењето на годишниот одмор не се појавуваат на работа, туку јавуваат дека се болни.

Во студијата учествувале 2.000 испитаници, при што се утврдило дека лицата што се враќаат на работа веднаш по годишниот одмор, често не се концетрирани на работа, туку мечтаат за следното патување, а половината од нив се заборавни, пишува „Дејли меил“.

Инаку, истражувањето уште покажа дека пред заминувањето на годишен одмор, мажите најчесто се пакуваат еден ден порано, а 40 отсто од жените тоа го прават една недела пред заминувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top