Познато е дека Бразилците во Челси се држат заедно, се забавуваат и слободното време го користат секогаш да бидат сите на собир.
Еден од нив на својот профил на „Инстаграм“ постави слика од заедничка дружба кога тренерот Жозе Мурињо им дал слободен ден. Заедно со нив е и голманот на бразилската репрезентација и член на КПР Жулио Цезар, како и еден од најдобрите играчи за „сините“ од Лондон, Србинот Бане Ивановиќ.
Рамиреш, која ја стави оваа слика на социјалната мрежа, додаде текст дека убаво било дружењето со пријателите и со семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.