Белгија потврди дека има одлична репрезентација во кошарка и со 14 поени разлика ја декласира Белорусија во второто коло од Д групата. Во Шарлроа домаќините беа убедливи и победија со 71-57 и ги прокнижија првите бодови.
Жиле со 15 поени беше лидер кај Белгијците кои загубија во првото коло од Македонија во Скопје по продолженија. Де Зеув забележа 13 поени, а фаворитот број 1 за пласман на ЕП 2015 ги доби првите три четвртини против Белорусите и рутински стаса до бодовите. Кај Белорусија кој ќе ни биде противник на 17 август во Минск најефикасен беше Кудравцев со 15 поени.
Македонија по победите над Белгија и Данска е лидер во Д групата со максимален ефект, а Белгија и Белорусија се зад нас со по една победа и пораз. Данска е апсолутен аутсајдер и нема бодови. Првопласираните репрезентации сигурно ќе играат на ЕП 2015, а ќе им се приклучат и шест второпласирани селекции од седумтте групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.