Полицијата го фати осомничениот за двојното убиство во Вевчани што се случи во средата навечер околу 21 часот во кафеаната „Пјаца“, објави „Вест“.
Поранешен поштар од Вевчани, кој имал коцкарски долгови и 20 години не се појавил во селото е ссомничен за убиството на вевчанците В.П. и М.Ѓ., како и за ранувањето на И.П. и на Г.К. Како што раскажуваат очевидци за „Вест“, пукањето се случило во кафеаната „Пјаца“, каде што осомничениот влегол и со пиштол истрелал цел шаржер кон гостите.
По пукањето осомничениот избегал кон планината.
Полицијата веднаш реагирала, извршен бил увид и по кусата потрага, осомничениот бил фатен.
Едниот од повредените е хоспитализиран во струшката болница, а другиот во охридската болница „Свети Еразмо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка