| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца мртви и двајца тешко ранети во Вевчани

g_vevcaniii5000

Полицијата го фати осомничениот за двојното убиство во Вевчани што се случи во средата навечер околу 21 часот во кафеаната „Пјаца“, објави „Вест“.

Поранешен поштар од Вевчани, кој имал коцкарски долгови и 20 години не се појавил во селото е ссомничен за убиството на вевчанците В.П. и М.Ѓ., како и за ранувањето на И.П. и на Г.К. Како што раскажуваат очевидци за „Вест“, пукањето се случило во кафеаната „Пјаца“, каде што осомничениот влегол и со пиштол истрелал цел шаржер кон гостите.

По пукањето осомничениот избегал кон планината.

Полицијата веднаш реагирала, извршен бил увид и по кусата потрага, осомничениот бил фатен.

Едниот од повредените е хоспитализиран во струшката болница, а другиот во охридската болница „Свети Еразмо“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top