| четврток, 6 декември 2018 |

Гвинеја Бисао ја затвори границата заради еболата

afrikaВластите на Гвинеја Бисао одлучија да ја затворат границата со соседна Гвинеја, во обид да го запрат ширењето на смртоносниот вирус на ебола, изјави денеска премиерот Домингос Симос Переира.

Болеста однесе над 1.000 животи во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а тројца починаа и во Нигерија.

Ширењето на ебола преку меѓународните граници се обиде да го запре и Брегот на Слоновата Коска со затворање на три најризични граници во понеделникот, додека во Гана е одложен почетокот на училишната година поради страв од ширење епидемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top