| четврток, 6 декември 2018 |

Поради високите температури: Вчера 6 мозочни удари и 4 колапси кај граѓаните

Наглото зголемување на температурите во текот на вчерашниот ден го направија своето. Скопската брза помош само вчера интервенирала кај 6 мозочни удари, 6 сообраќајни несреќи, 2 инфаркта како и 4 колапси кои биле во домашни услови, пишува „Здравство24.мк“.

brza-pomos

Како што информираат за „Здравство24.мк“ нема зголемен број на повици на бројот 194. Вчера имало  78, но има промена во содржината на интервенциите.

Денеска, пак, до 14 часот службите интервенирале кај 2 колапси од кои еден бил на јавно место, а другиот во домашни услови. Имајќи ги во предвид најавите од синоптичарите за пеколни денови, лекарите уште еднаш со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од здравствените работници.

Во никој случај да не се движат надвор во периодот од 11 до 17 часот, консумација на многу течности и носење на лесна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top