Кандида е квасна габа, а мал број нормално живее во нашата уста и црева. Нејзина задача е да помогне во варењето на храната и апсорпцијата на хранливите материи, но кога ќе се размножи премногу, кандидата преминува преку ѕидот на цревата и продира во крвотокот, ослободувајќи притоа отровни нуспродукти.
Тоа може да доведе до различни здравствени состојби, од дигестивни па дури и психолошки. Ако сте забележале симптоми од кандида, треба веднаш да започнете со лекување…
Здравите бактерии во стомакот обично го одржуваат нормално нивото на кандидата. Меѓутоа, неколку фактори може да предизвикаат нејзино прекумерно размножување:
-Ако во големи количини јадете храна богата со јаглени хидрати и рафиниран шеќер (со кој се храни кандидата)
-Консумирање многу алкохол
-Користење орални контрацептиви
-Ако јадете храна богата со ферментирани материи (комбуха, кисела зелка и кисели краставички)
-Ако живеете многу стресен живот
-Ако долго консумирате антибиотици.
Овие се 10 симптоми за превисоко ниво на кандида:
1.Еден од симптомите е габична инфекција на кожата, ноктите и стапалата.
2.Хроничен замор и фибромијалгија
3.Дигестивни проблеми: подуеност, опстипација или дијареа
4.Автоимуни болести: Хашимото, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, лупус, псоријаза или мултипла склероза.
5.Потешкотии со концентрација, лошо памтење и слични проблеми.
6.Кожни проблеми: екцем, псоријаза и осип.
7.Психолошки состојби: раздразливост, чести промени во расположението, анксиозност или депресија.
8.Вагинални инфекции, инфекција на уринарниот тракт, ректален или вагинален јадеж.
9.Тешки сезонски алергии или јадеж на ушите.
10. Силна желба за консумирање шеќер и јаглени хидрати.
Како се прави тест за кандида?
Ако кај вас постојат симптоми за кандида треба да го проверите нивото на IgG , IgA i IgM антителата. Ова се проверува лабораториски.
Тест на столица
Многумина сметаат дека ова е најпрецизниот тест на располагање и дека прво треба тој да се направи ако постојат симптоми.
Со овој тест се проверува нивото на кандида во дебелото црево и во стомакот. Лабораторијата обично може да го утврди видот на габата, што е многу важно за ефикасно лекување.
Тест на урина
Овој тест го детектира отпадниот производ на кандидата познат како D- Arabinitol. Зголеменото ниво укажува на присуство на инфекција со кандида. Овој тест одредува дали постои кандида во горниот стомак или во тенките црева.
Како се лекува кандида?
Ефикасно лекување на кандида вклучува запирање на размножувањето, обновување на добрите бактерии кои кандидата обично ја држат под контрола и го лекуваат стомакот, така што кандидата повеќе не може да навлезе во крвотокот.
Елиминирањето на кандидата пред се’ бара промена во исхраната и консумирање на намирници со ниска содржина на јаглени хидрати.
Шеќерот е она што ја храни кандидата, па елиминацијата на шеќерот во сите свои едноставни облици, како колачи, закуски, алкохол и брашно – го спречува размножувањето на кандидата и појава на симптоми.
И намалувањето на само една шолја дневно на јаглехидрати како што се житарки, грав, овошје, леб, тестенини, компир – ќе спречи прекумерниот раст на кандидата.
За нејзина елиминација и на сите непријатни симптоми се препорачува и одбегнување на сите ферментирани намирници.
Диетите против кандида треба да се користат додека да исчезнат сите симптоми бидејќи тогаш можеме да бидеме сигурни дека е под контрола.
Како радикална терапија против кандида се користат антигабични лекови како што се Дифлукан или Нистатин во време траење од еден месец или подолго.
Доколку повеќе преферирате природно лекување може да земете каприлна киселина. Каприлната киселина потекнува од кокосовото масло и во суштина создава дупки во ѕидот од клетките на квасецот, предизвикувајќи нивна смрт.
Некои луѓе исто така, користат билки и масла како што е маслото од диво оригано, кое е многу ефикасно во борбата против кандида. Антигабичните лекови и каприлната киселина се многу специфични и не ги убиваат добрите бактерии.
Кога ќе исчезнат сите симптоми од кандидата, мора да се обнови бројот на корисните бактерии кои најдобро го одржуваат нејзиното ниво под нормала, па за таа цел треба секојдневно да се консумираат пробиотици (од 25 до 100 милијарди добри бактерии на единица пробиотик).
извор: nmd-zdravje.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.