| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен косовски министер: Тачи е одговорен за екстремизмот

Поранешниот косовски министер за полиција Блерим Кучи, зборувајќи за исламскиот радикализам и учеството на косовски Албанци во борбите во Сирија и Ирак и планирањето терористички акции, директно денеска го обвини Хашим Тачи и Демократската партија на Косово дека се одговорни за тоа.

hasim-taci

Во изјава за весникот Експрес, тој вели дека ДПК е во коалиција со тие есктремисти и благодарение на гласовите од тие екстремисти, таа партија беше прва на изборите.

– Сигурен сум дека МВР на Косово одамна има детални информации за се што прават екстремни струи во Косово. Прашањето е – зошто МВР не делуваше веднаш кога имале доверливи информации? – запраша Кучи.

– Сепак, одговорот е јасен, бидејќи во МВР и во Владата на Косово има лица кои се директно или индиректно поврзани со тие екстремисти, а Тачи имаше потреба за нивни гласови. Сега со оглед дека е под силен меѓународен притисок, треба да преземе мерки против оние кои му дадоа гласови, а тоа се екстремистите. Тоа е спектакл за јавност што го прави Тачи – рече Кучи.

Kosovo police made arrests aimed at deterring recruitment of volunteer fighters

Тој додава дека во оваа сложена ситуација на Косово, Тачи се однесува како „народен актер“.

Истовремено, Партијата за правда што е во коалиција со Тачи и неговата ДПК, ги зеде под заштита луѓето уапсени за есктремизам, истакнувајќи дека јавноста треба да се воздржи и дистанцира од екстремни оценки. Во соопштение од партијата остро се осудува секој обид за скрнавење на исламски идентитет и се повикува да не се манипулира со верскиот идентитет во политички цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top