Поранешниот косовски министер за полиција Блерим Кучи, зборувајќи за исламскиот радикализам и учеството на косовски Албанци во борбите во Сирија и Ирак и планирањето терористички акции, директно денеска го обвини Хашим Тачи и Демократската партија на Косово дека се одговорни за тоа.
Во изјава за весникот Експрес, тој вели дека ДПК е во коалиција со тие есктремисти и благодарение на гласовите од тие екстремисти, таа партија беше прва на изборите.
– Сигурен сум дека МВР на Косово одамна има детални информации за се што прават екстремни струи во Косово. Прашањето е – зошто МВР не делуваше веднаш кога имале доверливи информации? – запраша Кучи.
– Сепак, одговорот е јасен, бидејќи во МВР и во Владата на Косово има лица кои се директно или индиректно поврзани со тие екстремисти, а Тачи имаше потреба за нивни гласови. Сега со оглед дека е под силен меѓународен притисок, треба да преземе мерки против оние кои му дадоа гласови, а тоа се екстремистите. Тоа е спектакл за јавност што го прави Тачи – рече Кучи.
Тој додава дека во оваа сложена ситуација на Косово, Тачи се однесува како „народен актер“.
Истовремено, Партијата за правда што е во коалиција со Тачи и неговата ДПК, ги зеде под заштита луѓето уапсени за есктремизам, истакнувајќи дека јавноста треба да се воздржи и дистанцира од екстремни оценки. Во соопштение од партијата остро се осудува секој обид за скрнавење на исламски идентитет и се повикува да не се манипулира со верскиот идентитет во политички цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации