Синоќа почина еден од најдобрите актери во светот, Робин Вилијамс, а еден ден претходно, односно во неделата, Арон Ремзи постигна погодок за Арсенал.
Со тоа продолжи тригодишното „проклетство“ и урбаната легенда која гласи дека Арон Ремзи со своите погодоци ден подоцна „погребува“ некоја светски славна личност. Секако дека станува збор за случајност, но навистина е неверојатно што ова се случува кој знае кој пат.
Ден по гол на Ремзи умираа или биле убиени Осама бин Ладен, Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


