| четврток, 6 декември 2018 |

Мислите дека им е лесно на бремените жени – симулатор за бременост за идните татковци (видео)

story_16660_16660-xlarge.jpg

Научниците од Институтот Канагава во Јапонија решија на идните татковци да им ги приближат промените кои во текот на бременоста се случуваат во телото на жената. За таа цел создале симулаторот „Мами Тими“, кој за само неколку минути им го пренесува на мажите искуството на трудница.

Корисникот на симулаторот облекува јакна која е поврзана со резервоар за вода, а во која се пушта топла вода, со цел да се долови дебелеењето кое е карактеристично во периодот на бременост, растењето на бебето и движењата во стомакот. Во делот кој доаѓа преку градите се наоѓаат дури и балони, кои го симулираат растењето на дојките за време на бременоста.
Научниците веруваат дека овој необичен симулатор ќе им помогне на идните татковци да разберат колку бременоста може да биде тешка за нивните партнерки и поради тоа да имаат повеќе разбирање за нив, но и на тој начин да развијат посилна врска со бебето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top