
Научниците од Институтот Канагава во Јапонија решија на идните татковци да им ги приближат промените кои во текот на бременоста се случуваат во телото на жената. За таа цел создале симулаторот „Мами Тими“, кој за само неколку минути им го пренесува на мажите искуството на трудница.
Корисникот на симулаторот облекува јакна која е поврзана со резервоар за вода, а во која се пушта топла вода, со цел да се долови дебелеењето кое е карактеристично во периодот на бременост, растењето на бебето и движењата во стомакот. Во делот кој доаѓа преку градите се наоѓаат дури и балони, кои го симулираат растењето на дојките за време на бременоста.
Научниците веруваат дека овој необичен симулатор ќе им помогне на идните татковци да разберат колку бременоста може да биде тешка за нивните партнерки и поради тоа да имаат повеќе разбирање за нив, но и на тој начин да развијат посилна врска со бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


