| четврток, 6 декември 2018 |

Институт за вирусологија во Берлин: Нема закана од ширење на еболата во Европа

Ebola in Liberia

Не постои закана од ширење ебола во Европа, смета директорот на берлинскиот Институт за вирусологија Рајнхард Бургер.

Шефот на Иснтитутот „Роберт Кох“, тврди дека како во Германија така и во цела Европа постојат услови за укажување квалитетна медицинска помош за евентуално заразени.

– Затоа ризик од распространување на болеста не постои – вели Бургер.

На аеродромот во Франкфурт каде секој ден слетуваат десетици авиони од Африка, има засилени санитарни мерки во врска со епидемијата на ебола.

Во изјава за медиуми, началникот на одделот за здравство при градскиот совет, Рене Готшалк вели дека „ништо не може да остане незабележано“ при проверките.

Според најновите податоци од СЗО, од епидемијата на ебола во Африка досега починаа 961 човек. Носители на вирусот за кој не постои вакцина, се 1.779 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top