| четврток, 6 декември 2018 |

Евтини приказни: Нимиц заработи 874 денари за 19 години

Кол­ку па­ри, тол­ку му­зи­ка, ве­ли ста­ра­та по­го­вор­ка. Гле­да­но од овој ас­пект, не е ни чу­до што по­сред­ни­кот Мет­ју Ни­миц за овие 19 го­ди­ни ан­гаж­ман ка­ко спе­ци­ја­лен пра­те­ник на ООН има за­ра­бо­те­но точ­но 874 де­на­ри. Тол­ку, ба­рем спо­ред НБРМ, из­не­су­ва­ат оние 19 до­ла­ри за 19 го­ди­ни ан­гаж­ман или еден до­лар го­диш­но. Во ме­ѓу­вре­ме, и НБРМ ќе ста­не БМ или Бан­ка на Ма­ке­до­ни­ја, но, за сре­ќа, не се ме­ну­ва име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Се слу­чи и чу­до, Гр­ци­те поч­наа да се кр­стат во Мер­кел, а ма­ке­дон­ски­те ана­ли­ти­ча­ри во Ни­ми­цо­во­то твр­де­ње де­ка во ООН не се раз­го­ва­ра­ло за иден­ти­те­тот ви­доа кла­сич­но мор­ков­че, се­ка­ко, мал­ку ге­нет­ски или иден­ти­тет­ски мо­ди­фи­ци­ра­но...

Analiza100-1

Во слу­ча­јот на т.н. пре­го­во­ри во ООН со Гр­ци­ја, очиг­лед­но, тре­ба да се на­пра­ви ин­вер­зи­ја на ста­ра­та по­го­вор­ка, ко­ја се­га тре­ба да гла­си – кол­ку му­зи­ка, тол­ку па­ри. Единс­тве­но та­ка мо­жат да се оправ­да­ат сим­бо­лич­ни­те 874 де­на­ри кои Ни­миц, ба­рем офи­ци­јал­но, ги до­би за овие це­ли 19 го­ди­ни на функ­ци­ја­та. Ре­ал­но, иста­та си­ту­а­ци­ја трае со де­це­нии или од са­ми­от старт на на­мет­на­ти­от проб­лем, кој ре­зул­ти­ра­ше со При­вре­ме­на­та спо­год­ба од 1995 го­ди­на. За да би­де при­каз­на­та пот­пол­на, ста­тус кво­то про­дол­жи и по неј­зи­но­то фла­грант­но пре­кр­шу­ва­ње од Гр­ци­ја во Бу­ку­решт во 2008 го­ди­на, и ни­ко­му ни­што…

 

Што се крие зад збо­ро­ви­те на „ен­дем­ски­от“ пре­го­ва­рач?

Ни­миц дој­де, ви­де и си за­ми­на… Единс­тве­но што сто­ри е да се за­поз­нае со но­ви­от пре­го­ва­рач Ва­ско На­у­мов­ски. Или, се­пак, не? За раз­ли­ка од мно­гу прет­ход­ни по­се­ти и рун­ди пре­го­во­ри, овој­пат ду­ри и ка­жа не­што, кол­ку и да е чуд­но тоа. „Та­тков­ски“ ни пре­не­се, за да не сми­ри, не­ли, де­ка не се пре­го­ва­ра­ло за иден­ти­те­тот за­тоа што во ООН ни­кој, ни­ка­де и ни­ко­гаш не пре­го­ва­рал за та­кво не­што?! Не­ба­ре, пак, не­кој не­ко­гаш во ООН пре­го­ва­рал за име­то на др­жа­ва­та.

Дру­ги­от исказ, кој да­де до­пол­ни­тел­на „те­жи­на“ на не­го­ва­та из­ја­ва пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност, има­ше по­и­на­ква на­ме­ра. Отка­ко нѐ „сми­ри“ со иден­ти­те­тот, по­сред­ни­кот ни ука­жа, она­ка ме­ѓу ре­до­ви, де­ка пра­ша­ње­то има­ло без­бед­нос­на зад­ни­на?! Са­ка­ше ли Ни­миц да нѐ зап­ла­ши со таа по­ра­ка, ко­ја, не­ба­ре слу­чај­но, ја ко­ри­сти втор­пат по ред. Ва­ка, по­втор­но, име­то ве­ќе не е би­ла­те­ра­лен, ту­ку без­бед­но­сен проб­лем. Иа­ко, ка­ко и се­ко­гаш, не ја об­јас­ни су­шти­на­та на ка­жа­но­то, овие две по­ра­ки оста­наа да леб­дат во воз­ду­хот ка­ко единс­тве­но вред­но за тол­ку­ва­ње од ка­жа­но­то на по­сред­ни­кот. Се­то дру­го сме го слуш­на­ле ве­ќе сто­ти­ци па­ти. И она­ка, Мет­ју Ни­миц ста­на ен­дем­ски, ма­ке­дон­ски вид пре­го­ва­рач, при­дру­жу­вај­ќи им се на охрид­ска­та па­стрм­ка и на мо­ли­ка­та, тие по единс­тве­но­ста на сво­е­то по­сто­е­ње во на­ша­та зем­ја, а тој ка­ко единс­тве­ни­от кај нас и во свет­ски рам­ки пре­го­ва­рач, кој 19 го­ди­ни тап­ка в ме­сто и ни­ко­му не под­не­су­ва из­ве­штај за ра­бо­та­та, ни­ту за не­сра­бо­те­но­то ни­ту за по­тро­ше­но­то. Евти­но­ста на при­каз­на­та ја по­твр­ду­ва и не­го­ва­та пла­та од еден до­лар. Ова се­ри­оз­но ја отво­ра по­тре­ба­та од споз­на­ва­ње на фа­ктот – од ка­де Ни­миц ја има оваа сло­бо­да, кој му ја овоз­мо­жу­ва и ко­му му од­го­ва­ра не­го­ва­та т.н. ра­бо­та или ме­ди­ја­ци­ја.

На­ро­дот го соз­да­ва сво­јот иден­ти­тет пре­ку сво­и­те дејс­тва, пре­ку сво­ја­та кул­ту­ра. Оваа зем­ја има свој иден­ти­тет, ка­ко што има­ат и дру­ги­те зем­ји, ре­че тој и на­и­де на ви­стин­ска ова­ци­ја и ак­ла­ма­ци­ја кај ал­бан­ски­те и кај опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми, кои, иа­ко со со­се­ма раз­лич­на на­ме­ра, ка­жа­но­то го до­че­каа со не­ви­ден ќеф и вед­наш го ста­ви­ја на сво­и­те нас­лов­ни стра­ни­ци и отво­раа ве­сти со еу­ре­ка­та на Ни­миц. Тоа што за­бо­ра­ви­ја да го сто­рат во сво­ја­та ин­тен­ци­ја, ко­ја ве­ќе е во фор­ма на ус­ло­вен реф­лекс, а тоа е оцр­ну­ва­ње­то на акту­ел­на­та вла­де­јач­ка гар­ни­ту­ра и по­тен­ци­ра­ње­то на фа­ктот ка­ко таа по­пре­чу­ва сѐ и не раз­би­ра ни­што, е да раз­мис­лат, ба­рем мал­ку, око­лу смис­ла­та на Ни­ми­цо­ва­та ре­че­ни­ца. По­ра­ка­та на по­сред­ни­кот – или по­ве­ро­јат­но, чи­ја и да е, е мно­гу ед­но­став­на. Да – на­ро­дот го соз­да­ва сво­јот иден­ти­тет, оваа зем­ја си го има, па зо­што то­гаш мо­ра да по­стои и де­фи­ни­ра­на ка­те­го­ри­ја за на­ци­ја­та, иден­ти­те­тот на ет­ни­ку­мот и при­да­вка што ќе го опре­де­ли ја­зи­кот во не­ко­ја си ООН? Тоа што по­сто­ја­но ни го по­вто­ру­ва­ат е де­ка иден­ти­те­тот ни­кој, ни­ко­гаш не мо­же да ни го од­зе­ме, а по­ен­та­та на тоа по­сто­ја­но „нак­ла­пу­ва­ње“ на гла­ва на иста­та кон­ста­та­ци­ја е да „раз­бе­ре­ме“ де­ка, ре­ал­но, не­ма ни по­тре­ба се­то тоа да го има не­ка­де на­пи­ша­но?! Ние си го зна­е­ме, не­ли, па што има и по­тре­ба не­кој та­му ко­га ќе отво­ри во до­ку­мен­ти­те на ООН да гле­да ка­ков ја­зик збо­ру­ва­ме ние и на ко­ја на­ци­ја ѝ при­па­ѓа­ме, ко­га ние си зна­е­ме. Или на­род­ски ка­жа­но – не ба­рај­те леб пре­ку по­га­ча…

Во исти­от кон­текст, Ни­миц не са­ка­ше да ја ко­мен­ти­ра ни­ту не­о­дам­неш­на­та на­ци­о­на­ли­стич­ка из­ја­ва на грч­ки­от пре­ми­ер Ан­до­нис Са­ма­рас, кој сре­де Страз­бур, европ­ска­та пре­стол­ни­на на чо­ве­ко­ви­те пра­ва и сло­бо­ди, без срам и пер­де ка­жа де­ка не по­стои ма­ке­дон­ски ја­зик. По­сред­ни­кот го из­бег­на ди­рект­ни­от од­го­вор истак­ну­вај­ќи: „Јас сум во Скоп­је, а лу­ѓе­то ту­ка си има­ат свој ја­зик.“. Но, за­бо­ра­ви да ка­же ед­на мно­гу бит­на ра­бо­та – кој е тој ја­зик? Да, ние зна­е­ме де­ка си има­ме сопс­твен ја­зик, ма­ке­дон­ски, но за Ни­миц тоа е ва­ши­от ја­зик, ва­ша­та на­ци­ја, ва­ши­от иден­ти­тет или ќе да е „скоп­ски“. Ба­рем ед­наш на­ме­сто ва­ши­от и сво­јот да го спо­ме­не­ше збо­рот ма­ке­дон­ски, мо­же­би и ќе му по­ве­ру­ваа. Ва­ка, тие што се спро­тив­ста­ву­ва­ат и ба­ра­ат та­кво не­што се не­до­вет­ни­те или, со реч­ни­кот на Ни­миц, „по­сто­ја­но има из­ја­ви кои го одв­ле­ку­ва­ат вни­ма­ни­е­то од глав­ни­от проб­лем, а тоа е на­о­ѓа­ње ре­ше­ние“. И про­дол­жи да ја на­вре­ду­ва ин­те­ли­ген­ци­ја­та на на­ро­дот кој не го ни спо­ме­ну­ва, но кој, ка­жа­но со реч­ни­кот на ООН или по­ве­ро­јат­но САД, си знае кој е, што е и зо­што е…

 

Analiza100-2

Мет­ју Ни­миц во­скрес­на со Ма­ке­до­ни­ја во 1994 го­ди­на

Вра­ќај­ќи се на­зад во исто­ри­ја­та, ќе доз­на­е­те де­ка пр­ва­та ви­со­ка функ­ци­ја ја до­би­ва во да­леч­на­та 1977 го­ди­на ко­га пре­тсе­да­те­лот на САД, Џи­ми Кар­тер, го име­ну­ва за со­вет­ник во Стејт де­парт­мен­тот. Го со­ве­ту­вал ток­му пр­ви­от пре­го­ва­рач за име­то – др­жав­ни­от се­кре­тар Са­јрус Венс, то­гаш др­жа­вен се­кре­тар на САД. Ни­миц ни­ко­гаш не бил дип­ло­мат од ка­ри­е­ра, ту­ку прав­ник, што не го спре­чи­ло во 1979 го­ди­на да би­де по­ста­вен за по­тсе­кре­тар. Глав­на над­леж­ност му би­ла по­мо­шта на без­бед­но­сен план ко­ја САД ја да­ва­ле на дру­ги­те зем­ји. Мо­же­би от­ту­ка до­а­ѓа и не­го­ви­от „ин­те­рес“ и поз­на­ва­ње­то на без­бед­нос­ни­те пра­ша­ња, ка­кво што, спо­ред не­го, во по­но­во, а мо­же­би и во по­ста­ро вре­ме би­ло и е пра­ша­ње­то за име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Сво­е­то офи­ци­јал­но вра­ќа­ње на дип­ло­мат­ска­та сце­на, по це­ли 13 го­ди­ни па­у­за (во 1981 го­ди­на, по не­ус­пеш­на­та би­тка на Џи­ми Кар­тер за нов ман­дат, ѝ се вра­ќа на ад­во­ка­ту­ра­та), Ни­миц го пра­ви ток­му во спо­рот за име­то ко­га во 1994 го­ди­на Бил Клин­тон го наз­на­чу­ва за ли­чен спе­ци­ја­лен пра­те­ник во спо­рот ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја. По три го­ди­ни ра­бо­та за САД, Ни­миц во 1997 го­ди­на ста­ну­ва за­ме­ник на Са­јрус Венс за во 1999 го­ди­на да го за­ме­ни сво­јот гу­ру и мен­тор. И та­ка до ден-де­не­шен…

Це­ла­та не­го­ва ка­ри­е­ра и неј­зи­на­та по­вр­за­ност со офи­ци­ја­лен Ва­шин­гтон ја раз­го­лу­ва ви­сти­на­та за сил­на­та аме­ри­кан­ска вме­ша­ност во „ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“, ко­ја еруп­ти­ра­ше во 2004 го­ди­на со приз­на­ва­ње­то на устав­но­то име на на­ша­та др­жа­ва, про­мис­лен чин кој ре­зул­ти­ра­ше со де­неш­на­та те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја мно­гу­ми­на ја на­ре­коа по­дел­ба. Во овој слу­чај на­ста­на и ед­на ко­хе­зи­ја на по­и­мот за Да­нај­ци­те и Аме­ри­кан­ци­те, ко­ја ре­зул­ти­ра­ше со про­ме­на на Хо­ме­ро­ва­та при­ка­ска во „Не ве­ру­вај им на Аме­ри­кан­ци­те и ко­га да­ро­ви но­сат“.

 

Risto-Nikovski-analizaНи­ков­ски: Ни­миц ра­бо­ти за САД, за тоа не­ма ди­ле­ма!

Факт е де­ка Ни­миц има ман­дат од ООН, но не тре­ба да има ни­ка­кви ди­ле­ми де­ка од са­ми­от по­че­ток тој ра­бо­ти за САД, ве­ли по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор и се­кре­тар на МНР, Ри­сто Ни­ков­ски. Го пра­шав­ме да­ли пла­та­та од еден до­лар го­диш­но, се­пак, не е пре­ма­ла су­ма за тол­ку ле­та­ње и ра­бо­та на по­сред­ни­кот, кој пред ре­чи­си еден и пол ме­сец на­пол­ни 75 го­ди­ни.

Никовски: Тие го пла­ќа­ат и не­го и ти­мот што му ги изра­бо­ту­ва пред­ло­зи­те. Да­ли се тоа екс­пер­ти од Стејт де­парт­мен­тот или не­кои над­во­реш­ни кон­сул­тан­ти или ор­га­ни­за­ции, во­оп­што не е важ­но. Во ООН не­ма бу­џет за ме­ди­ја­ци­ја­та на Ни­миц, што е крај­но не­во­о­би­ча­е­но. Та­ка е со цел да се обез­бе­ди це­ло­сен екск­лу­зи­ви­тет врз слу­ча­јот од стра­на на САД. До­кол­ку има­ше бу­џет во ООН за ме­ди­ја­ци­ја­та, ќе мо­ра­ше се­ко­ја го­ди­на да се под­не­су­ва из­ве­штај за по­стиг­на­то­то и да се ба­ра­ат и да се пла­ни­ра­ат но­ви средс­тва. Тоа би би­ла по­и­на­ква си­ту­а­ци­ја, очиг­лед­но не­при­фат­ли­ва за Ва­шин­гтон. Ва­ка, мо­жат што са­ка­ат да пра­ват и ни­ко­му да не од­го­ва­ра­ат. Еден служ­бе­ник на ООН, кој е не­ка­ков офи­цер за вр­ска со Ни­миц, го пра­ти на па­ту­ва­ња­та, и тоа е сѐ од стра­на на ООН. Сѐ дру­го е над­вор од свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја. Тоа нам нај­мал­ку ни од­го­ва­ра, ама, ка­ко што изг­ле­да, ни­кој од нас не се за­ин­те­ре­си­рал за се­то тоа и не се оби­дел слу­ча­јот да го вра­ти та­му ка­де што при­па­ѓа. Во ООН.

По кој знае кој пат, Ни­миц и при оваа по­се­та из­ја­ви де­ка се­га би­ло ви­стин­ско­то вре­ме за на­о­ѓа­ње ре­ше­ние, што е тол­ку со­од­вет­но во овој мо­мент и зо­што тој го истак­на без­бед­нос­ни­от ас­пект?! Зо­што име­то би би­ло важ­но од без­бед­но­сен ас­пект, пре­ју­ди­ци­ра ли Ни­миц не­што или, пак, та­ка ин­ди­рект­но не зап­ла­шу­ва и „убе­ду­ва“ да при­фа­ти­ме ком­про­мис?

Никовски: Де­ка е „дој­ден мо­мен­тот“ по­сто­ја­но ни по­вто­ру­ва­ат и САД, а осо­бе­но наг­ла­се­но тоа го пра­ве­ше Ри­кер. Во пра­ша­ње е кре­и­ра­ње ла­жен оп­ти­ми­зам и при­ти­сок врз Ма­ке­до­ни­ја. Ни­миц та­ка си го оправ­ду­ва и ан­гаж­ма­нот, иа­ко е све­сен де­ка ре­ше­ние не­ма на по­ви­док. Ми­на­та­та го­ди­на тоа јас­но и го ка­жа.

Без­бед­нос­ни­от ас­пект, пак, се акту­а­ли­зи­ра, пред сѐ, по­ра­ди кри­за­та во Укра­и­на, ве­ли Ни­ков­ски, спред ко­го ста­бил­но­ста на Евро­па е се­ри­оз­но до­ве­де­на во пра­ша­ње и на си­те им е јас­но де­ка од де­фан­зи­ва­та во ко­ја е на­те­ра­на, по­ра­но или по­доц­на, Ру­си­ја ќе трг­не во офан­зи­ва.

Никовски: Таа не­из­беж­но ќе се оби­де да игра поз­на­чај­на уло­га во си­те не­врал­гич­ни точ­ки на кон­ти­нен­тот, а тоа зна­чи, пред сѐ, на Бал­ка­нот. По ане­кси­ја­та на Крим и ши­ро­ко­ор­ке­стри­ра­на­та осу­да на Мос­ква за та­мош­ни­те на­ста­ни, кои во нај­го­лем дел ги пре­диз­ви­каа САД, пот­по­мог­на­ти од ЕУ, ра­бо­ти­те ќе трг­нат во но­ви на­со­ки. Тоа ги за­гри­жу­ва Ва­шин­гтон и Бри­сел. На­ме­ри­те за евен­ту­ал­но за­бр­за­но зач­ле­ну­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО, во сеп­тем­ври, пад­наа во во­да и за­тоа без­бед­но­ста на Јуж­ни­от Бал­кан, обре­ме­не­та и со проб­ле­мот со на­ше­то име, ста­ну­ва наг­ла­се­на. Ина­ку, спо­ред број­ни по­ка­за­те­ли, САД не се под­го­тве­ни да ја при­мат Ма­ке­до­ни­ја во али­јан­са­та со ре­фе­рен­ца­та, би­деј­ќи се свес­ни де­ка тоа ќе зна­чи крај на оби­ди­те да се пре­кр­стат и др­жа­ва­та и на­ро­дот. Тоа, ка­ко што изг­ле­да, не мо­жат да го про­гол­та­ат. Та­кви­от крај на проб­ле­мот, а со тоа и оп­ста­но­кот на Ма­ке­дон­ци­те, се чи­ни, не се вкло­пу­ва во нив­ни­те дол­го­роч­ни пла­но­ви.

Ни­миц ве­ли де­ка иден­ти­те­тот не бил во пра­ша­ње, са­мо ед­на не­де­ла отка­ко Са­ма­рас, сре­де Страз­бур, се по­ди­гру­ва­ше со на­ши­от иден­ти­тет и ја­зик, при­ка­ска ко­ја ја прод­ла­бо­чи и не­го­ва­та порт­па­рол­ка Со­фи­ја Вул­теп­си?

Никовски: Ни­миц е иску­сен дип­ло­мат и не мо­же да му се слу­чи јав­но да го вклу­чи иден­ти­те­тот ка­ко дел од проб­ле­мот. Тоа би би­ла не­прост­ли­ва ци­ви­ли­за­ци­ска гре­шка. Во по­ве­ќе при­го­ди во ми­на­то­то, ме­ѓу­тоа, со не­го­ви­те пред­ло­зи, тој мно­гу па­ти ни ги ос­по­ри иден­ти­те­тот и ја­зи­кот. Тоа што ние не го за­бе­ле­жу­вав­ме тоа или се пра­вев­ме не­до­вет­ни, е дру­го пра­ша­ње.

Оваа не­го­ва по­се­та, без ни­ка­кво сом­не­ва­ње, е во функ­ци­ја на ин­те­ре­сот за проб­ле­мот кој не­о­дам­на јав­но го изра­зи Мер­кел, по­тен­ци­ра Ни­ков­ски. Спо­ред не­го, овој­пат, Ни­миц е „неј­зин“ по­сред­ник.

Никовски: Пред не­кое вре­ме тој бе­ше во Бер­лин на неј­зи­на по­ка­на, што е со­се­ма не­во­о­би­ча­е­но би­деј­ќи ман­да­тот е од ООН. Со таа по­се­та мо­же­ме да ка­же­ме де­ка ан­гаж­ма­нот на Мер­кел – се офи­ци­ја­ли­зи­ра. Таа е ло­ги­сти­ка­та на Ни­миц и от­та­му по­тек­ну­ва не­го­ви­от наг­ла­сен оп­ти­ми­зам. Ни­кој до­се­га не за­ста­на зад не­го ка­ко што овој пат тоа го на­пра­ви Мер­кел, ко­ја не е кој би­ло. Тој факт нас мо­же са­мо да нѐ за­гри­жи би­деј­ќи Мер­кел, во ни­кој слу­чај, не се вклу­чу­ва за да ѝ по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку од со­се­ма дру­ги ин­те­ре­си. Ние мо­же­ме да би­де­ме са­мо – жр­тву­ва­ни!

Во дип­ло­ма­ти­ја­та искре­но­ста не е доб­лест. Се ве­ли де­ка дип­ло­ма­ти­те се чес­ни лу­ѓе кои ла­жат во ко­рист на сопс­тве­на­та зем­ја. Та­ка и Ни­миц ве­ли де­ка за иден­ти­те­тот не се раз­го­ва­ра и де­ка не до­нел нов пред­лог. За ве­ру­ва­ње е де­ка, се­пак, тој ста­вил не­што на ма­са. Ве­ро­јат­но, тоа се не­кол­ку­те пред­ло­зи што ги нај­а­ви кан­це­лар­ка­та де­ка се др­жат во тај­ност. Ни­миц мо­же да би­де де­лум­но и во пра­во би­деј­ќи тој, се­ка­ко, не до­не­се не­што но­во, ту­ку тоа мо­же да би­де са­мо из­бор (или мо­ди­фи­ка­ци­ја) од не­го­ви­те прет­ход­ни за­мис­ли.

И Ни­миц, ка­ко и си­те дру­ги, до­бро знае што приз­на­ва­ат и што не при­фа­ќа­ат Са­ма­рас и Гр­ци­ја ко­га се Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те во пра­ша­ње. Не­му, осо­бе­но, му е јас­но ко­ја е цел­та на Ва­шин­гтон и за­тоа мо­ра да го игра оро­то во кое е фа­тен, по му­зи­ка­та ко­ја се сви­ри. Лич­но тој не мо­ра да се сог­ла­су­ва со тоа. Да по­тсе­ти­ме де­ка пред да се вклу­чи во слу­ча­јот, тој има из­ја­ве­но де­ка ние сме Ма­ке­до­ни­ја и тоа ќе си оста­не­ме и де­ка ни­кој не ни мо­же ни­што.

За да би­де­ме пре­циз­ни до крај, да зак­лу­чи­ме де­ка е ско­ро не­воз­мож­но ан­гаж­ма­нот на Мер­кел да пре­рас­не во ини­ци­ја­ти­ва би­деј­ќи Гр­ци­ја не­ма ни­што да при­фа­ти. До­де­ка трае кри­за­та кај нив, а тоа зна­чи уште нај­мал­ку пет го­ди­ни, не мо­же да по­ми­не ни нив­ни­от ус­лов „име за се­вкуп­на упо­тре­ба“, а ка­мо­ли не­ка­ков ком­про­мис.

 

Analiza100-3

Гр­ци­те се кр­стат во Мер­кел?

Гр­ци­те, или дов­че­раш­ни­те „плу­ка­чи“ по ин­вол­ви­ра­ње­то на гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел во спо­рот за име­то, за кој на­вод­но и мно­гу раз­мис­лу­ва­ла, на­ед­наш се се­ти­ја на сво­ја­та гре­шка. Не ба­ди­ја­ла во Евро­па сѐ уште е на „це­на“ ви­цот спо­ред кој се­кој Гер­ма­нец има – же­на, де­те, ку­ќа, авто­мо­бил, кре­дит, до­ма­шен ми­ле­ник и по еден Грк. Иа­ко Гер­ма­ни­ја бе­ше најг­лас­на­та во осу­да­та на Гр­ци­ја, ко­ја од еко­ном­ска­та кри­за се изв­ле­че и сѐ уште се изв­ле­ку­ва, глав­но, со па­ри­те на офи­ци­ја­лен Бер­лин, сѐ оста­на са­мо на кри­ти­ка. Ум­ни­те и праг­ма­тич­ни Гер­ман­ци одам­на сфа­ти­ја де­ка то­не­ње­то на нај­за­дол­же­на­та и нај­нес­по­соб­на член­ка им но­си са­мо пад на евро­то и на сопс­тве­ни­от стан­дард, а по­мо­шта, кол­ку да е бол­на и не­е­тич­ка, ги вра­ќа на ви­стин­ска­та до­бра по­зи­ци­ја. Та­ка и Гр­ци­те, на­бр­гу по пр­вич­ни­те кри­ти­ки, исто та­ка, сфа­ти­ја де­ка Гер­ма­ни­ја по еко­ном­ски­от мо­же да им по­ну­ди и на­ци­о­на­лен пре­по­род, осо­бе­но ко­га е во пра­ша­ње Ма­ке­до­ни­ја. Та­ка, во свој пре­поз­нат­лив стил, „Ка­ти­ме­ри­ни“, кој спо­ред си­те поз­на­ва­чи е ди­ри­ги­ран од жел­би­те на атин­ско­то МНР, вед­наш на­пи­ша де­ка, со ог­лед на не­га­тив­ни­от имиџ што е соз­да­ден во Гр­ци­ја за Гер­ма­ни­ја, пра­вил­но упра­ву­ва­ње со пра­ша­ње­то и зна­чи­тел­ни­от при­ти­сок врз Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја се стре­ми кон влез во ЕУ, ќе при­до­не­сат мал­ку да се одо­бри ими­џот на Бер­лин во грч­ко­то оп­штес­тво.

Љу­би­те­ли­те на те­о­ри­и­те на за­го­вор ќе ре­чат де­ка не­ко­му сил­но му го­ди си­ту­а­ци­ја­та со Ма­ке­до­ни­ја или не­ре­ша­ва­ње­то на фин­ги­ра­ни­от и уни­ка­тен проб­лем со јуж­ни­от со­сед. Пе­си­ми­сти­те ќе ре­чат де­ка ни­ко­му не му е гри­жа за два ми­ли­о­на на­род, а опор­ту­ни­сти­те де­ка и она­ка НА­ТО и ЕУ не ни тре­ба­ат. Ре­а­ли­сти­те, пак, ќе се за­мис­лат и ќе ре­чат де­ка, ка­ко и да е, ду­ри и ви­сти­на­та да е ком­пи­ла­ци­ја на се­то прет­ход­но ка­жа­но, проб­ле­мот со Гр­ци­ја ги ми­на си­те гра­ни­ци и ре­чи­си две и пол де­це­нии ѝ пре­чи на Ма­ке­до­ни­ја да оди на­пред со пол­на бр­зи­на. Ва­ка, на­ме­сто во пет­та, се дви­жи­ме во тре­та или вто­ра за да од­вре­ме-на­вре­ме „пре­фр­ли­ме“ и во пр­ва, па оп – во лер… За­мис­ле­те, са­мо да го не­мав­ме проб­ле­мот со јуж­ни­от со­сед, или САД или ЕУ да са­каа да го ре­шат. Не збо­ру­ва­ме за ед­на, две или три, ту­ку за 23 го­ди­ни кон­стан­тен при­ти­сок и ре­ди­ца бло­ка­ди и ем­бар­га кои сил­но вли­ја­е­ја и врз ими­џот на зем­ја­та, по­ли­тич­ки и еко­ном­ски. За да би­дат при­ка­ска­та и „во­зе­ње­то“ по­за­мр­се­ни и по­бав­ни, има­ме и еден единс­твен, ен­дем­ски вид спе­ци­ја­лен пра­те­ник од ООН, кој пред да ја пре­зе­ме функ­ци­ја­та, има из­ја­ве­но де­ка ние сме Ма­ке­до­ни­ја и де­ка ни­кој не ни мо­же ни­што, за да до­жи­вее комп­лет­на транс­фор­ма­ци­ја за еден до­лар?! Прем­но­гу слу­чај­но­сти…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 100. број на неделникот „Република“, 1.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top