Да се најде решение за овој проблем бара многу големо лидерство и стратешка визија, рече посредникот Метју Нимиц, кој денеска во Преспа го прослави и својот 79-ти роденден.
– Треба да бидеме благодарни што имаме вакви лидери во овие две земји. Работејќи толку многу години на ова прашање, верувам дека договорот е во стратешки интерес за двете земји. Годинава на моето семејството им реков дека за роденден не сакам подароци зашто двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок. Мојата работа е завршена, сега останува на лидерите од двете земји – изјави посредникот Нимиц по потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција за името Република Северна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


