На Метју Нимиц, посредникот во спорот за името, денеска му е роденден. Според неговата биографија, Нимиц е роден на 17 јуни 1939 година во Бруклин. Тој денеска полни 79 години.
Случајно, договорот се потпишува токму на роденденот на дипломатот кој 24 години од својата кариера посвети на изнаоѓање решени на спорот за името меѓу Македонија и Грција, објави „Независен“.
Минатата година, светските медиуми го опишаа како човек кој целата своја кариера ја посветил на еден збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.