
Јелена Розга настапувала во Црна Гора, а непосредно пред настапот, на новинарите на српски „Блиц“ им признала дека веќе нема момче.
– Многумина сè уште не ја дознале таа вест. Сепак, јас уживам во тоа – рекла Розга со широка насмевка.
Својата стабилност таа ја пронаоѓа кај своите родители, кои, како што вели, се пример за вистинска љубов.
Таа додала дека сака помлади мажи.
– Вистина е! Обожувам помлади мажи! Иако годините не ми се важни, секогаш ми се случува некој помлад, веројатно затоа што јас изгледам помладо – рекла Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


