| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Розга оди пред олтар: Сите едвај чекаат да ја видат во венчаница!

Пејачката Јелена Розга(40) наскоро би можела да застане пред олтар. Имено Сплиќанката на венчавката на својот басист го фати бидермаерот и така на себе, како што налага традицијата, си го осигура статусот на следна невеста.

Розга после раскинувањето со поранешниот свршеник Стјепан Хаусер, во јавност не изнесува детали околу својот љубовен живот.

Јелена видеото околу борбата за бидермаерот го сподели на социјалните мрежи, а судејќи според коментарите, нејзините следбеници едвај чекаат да ја видат пејачката во венчаница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top