| четврток, 6 декември 2018 |

Ги демантираа гласините дека ќе се разделат-Розга и Хаусер во љубовен занес!

Популарната пејачка Јелена Розга и исто така познатиот музичар Стјепан Хаусер се во долга љубовна врска, која има свои подеми и падови, како и многу други врски, нели… Таа изјави дека никогаш нема да се омажи со својот девет години помлад љубовен партнер и колега, но дека посакува да има деца во животот за што не и’ е неопходна венчаница.

Исто така, хрватските медиуми неколку пати досега објавија видеа со нејзините љубоморни испади во јавноста, но судејќи по најновата фотографија, на која ги гледаме прегрнати на душек како пловат по морето, предвидувањата на „злобниците“ дека нивната врска е осудена на пропаст паѓаат во вода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top