| четврток, 6 декември 2018 |

Розга: Веќе немам момче, уживам во слободата

розга

Јелена Розга настапувала во Црна Гора, а непосредно пред настапот, на новинарите на српски „Блиц“ им признала дека веќе нема момче.

– Многумина сè уште не ја дознале таа вест. Сепак, јас уживам во тоа – рекла Розга со широка насмевка.

Својата стабилност таа ја пронаоѓа кај своите родители, кои, како што вели, се пример за вистинска љубов.

– Имам помош од родителите, без кои не би можела ништо. Секогаш ме чека нешто зготвено, чисто и испрано, посебно кога сум на пат и кога имам пет концерти неделно. Сонувам да имам брак како нивниот и еве, да ви откријам, би сакала едно мало, слатко, русо девојче. Мајка ми ме полудува со прашањата „Кога ќе родиш“, а јас постојано ѝ  велам „В година“ или „Уште оваа песна“, „Уште овој спот“. Вистина е дека во последно време сè повеќе размислувам за бебе – истакнала пејачката.

Таа додала дека сака помлади мажи.

– Вистина е! Обожувам помлади мажи! Иако годините не ми се важни, секогаш ми се случува некој помлад, веројатно затоа што јас изгледам помладо – рекла Јелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top