| четврток, 6 декември 2018 |

Металург и во реваншот послаб од Омонија

Последниот македонски претставник во Лига Европа, Металург, синоќа на Националната Арена „Филип Втори“ во реванш натпреварот повторно загубија од кипарскиот тим Омонија со 1-0.

Металург со два пораза ги заврши натпреварите во третото коло од квалификациите од Лига Европа, додека пак Омонија со вкупни 4:0 се пласира за баражот од ова натпреварување.

Стрелец на единствениот гол беше резервистот Нуно Азис во 54.минута.

По примениот гол Металург имаше слаба иницијатива, но без посериозна шанса за гол. Настапот на Металург беше последниот на македонски екипи оваа сезона во еврокуповите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top