Последниот македонски претставник во Лига Европа, Металург, синоќа на Националната Арена „Филип Втори“ во реванш натпреварот повторно загубија од кипарскиот тим Омонија со 1-0.
Металург со два пораза ги заврши натпреварите во третото коло од квалификациите од Лига Европа, додека пак Омонија со вкупни 4:0 се пласира за баражот од ова натпреварување.
Стрелец на единствениот гол беше резервистот Нуно Азис во 54.минута.
По примениот гол Металург имаше слаба иницијатива, но без посериозна шанса за гол. Настапот на Металург беше последниот на македонски екипи оваа сезона во еврокуповите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа
-
Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)


