Зоолошката градина во Виена е меѓу десетте најдобри во светот, според оценките на посетителите на најпознатата туристичка страница „Трипадвајзер“.
Дури 1.676 корисници пишувале за своите искуства во Зоолошката во Виена, а од нив 1.190 дале оценка „одличен“, а 376 „многу добар“.
Од вкупниот број посетители годишно на Зоолошката градина во Виена, 30 отсто се странци.
Зоолошката е на петто место меѓу 400-те знаменитости што ги нуди главниот град на Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.