
Африка станува сѐ поинтересен пазар. Војните, државните удари и социјалните драми на овој континент се сѐ поректи, пишува француски „Фигаро“.
Стопанскиот раст на африканскиот континент оваа година, според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе биде 5,2 отсто, а четири од 10 земји со најбрз раст потекнуваат од африканскиот континент.
Кина е меѓу првите земји кои покажа силен интерес за африканскиот пазар и тоа уште во 2009 година, која од САД го презеде приматот во вкупната вредност на надворешно-трговската размена со Африка. Кинеско-африканската размена во 2000 година вредела едвај 10 милијарди долари, во 2008 таа надминала 100 милијарди, а во 2013 година достигна дури 200 милијарди долари.
Најголем интерес Кинезите на африканскиот пазар покажале за нафтата, железот, бакарот и дрвото.
И Индија ја забрза соработката со африканските земји, но за разлика од Пекинг, Њу Делхи повеќе го интересира приватниот сектор.
Бразил е трета земја која во последните години го интензивира своето присуство на овој континент и за таа цел во последните 12 години отвори повеќе од 20 дипломатски претставништва во Африка.
Владата на САД објави дека американските фирми ќе инвестираат 14 милијарди долари во Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари
-
Во ноќен клуб налетала на странец, а сега се омажи за него и стана принцеза
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка
-
Африканскaнската ѕвезда – саксофонистот Сеун Кути доаѓа во Скопје


