| четврток, 6 декември 2018 |

Привршува реконструкцијата на „Св. Архангел Миахаил“ во Варош, Прилеп

unnamed

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на третата и претпоследна фаза од темелната реконструкција на источниот конак во еден од нај убавите манастирски комплекси „Св. Архангел Михаил” во Варош, Прилеп.

1

Третата фаза опфаќа изградба на кат, вообличување на објектот со покрив и изработка и вградување на столаријата, информираат од Министерството за култура.

Работите се одвиваат според предвидената динамика, а со завршувањето на оваа фаза објектот ќе го добие својот конечен изглед,кој поради изведбата во камен во долниот дел, се добива впечаток како да изникнува од самата карпа. Ваквиот впечаток дополнително визуелно и естетски ја разубавува сликата за целиот манастирски комплекс сместен во подножјето на Марковите кули.

Новиот конак се гради на вкупна површина од 292 м2 и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top