| четврток, 6 декември 2018 |

Германците се жалат од сиромашните бугарски и романски имигранти

Таму мизерија- тука страв. Ќе дојдат ли бедните сега кај нас? Ваков прашање си поставуваат се повеќе Германци вознемирени од написите во тамошните медиуми за источноевропските имингранти кои се очекува да ја „окупираат“ западна Европа во потрага по подобар живот.

Германскиот весник „Алгемајне цајтунг“ пишува дека жителите на Дузбург се чувствувале напуштени од властите и оставени сами со мизеријата и криминалот во квартовите каде што живеат во соседство на имигранти. Од 2007 година Бугарија и Романија станаа членки на ЕУ, со што се отворија вратите за нивните граѓани во земјите од западна Европа. Оттогаш до 2012 година бројот на имигранти пораснал од 64.000 на 182.000.

–          Многу од нив се екстремно сиромашни, повеќето се Роми кои биле изолирани во нивните земји. Но, дури и во Германија тие живеат во несигурни услови без шанса да се интегрираат во општеството – пишува весникот.

Претседателот на Социјалдемократската партија, Андреас Шнајдер, очекува уште повеќе имигранти од Бугарија и од Романија во градот Офенбах. Само во овој град бројот на Бугари и Романци по 2007 година пораснал од 1.100 на 4.700.

–          Очекувам пораст на имиграцијата по укинувањето на забраните за работа во 2014 година – изјавил Шнајдер за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“.

Според Институтот за економија во Рајна Вествалија, 80 проценти од луѓето што имигрирале од овие две земји во 2007 година биле работници и барале подолготрајна работа. Од нив 22 проценти биле високообразовани, а 46 проценти квалификувани. Поради тоа, Институтот ги класифицира како мигранти на сиромаштијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top