Германскиот весник „Алгемајне цајтунг“ пишува дека жителите на Дузбург се чувствувале напуштени од властите и оставени сами со мизеријата и криминалот во квартовите каде што живеат во соседство на имигранти. Од 2007 година Бугарија и Романија станаа членки на ЕУ, со што се отворија вратите за нивните граѓани во земјите од западна Европа. Оттогаш до 2012 година бројот на имигранти пораснал од 64.000 на 182.000.
– Многу од нив се екстремно сиромашни, повеќето се Роми кои биле изолирани во нивните земји. Но, дури и во Германија тие живеат во несигурни услови без шанса да се интегрираат во општеството – пишува весникот.
Претседателот на Социјалдемократската партија, Андреас Шнајдер, очекува уште повеќе имигранти од Бугарија и од Романија во градот Офенбах. Само во овој град бројот на Бугари и Романци по 2007 година пораснал од 1.100 на 4.700.
– Очекувам пораст на имиграцијата по укинувањето на забраните за работа во 2014 година – изјавил Шнајдер за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“.
Според Институтот за економија во Рајна Вествалија, 80 проценти од луѓето што имигрирале од овие две земји во 2007 година биле работници и барале подолготрајна работа. Од нив 22 проценти биле високообразовани, а 46 проценти квалификувани. Поради тоа, Институтот ги класифицира како мигранти на сиромаштијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


