| четврток, 6 декември 2018 |

Смрт во вжештен автомобил: Заборавени деца

Child-left-in-the-car-motoraty

На неколку дена во САД се појавуваат вести во медиумите за мали деца како починалеле од срцев удар, или биле спасени, откако биле оставени да се крчкаат на задното седиште. Зошто толку често се случува ова?

Со звукот на врата која се отвора, во 15 ч.и 15 мин. еден врел ден на Флорида, светот на Реџи Мекинон се урнал.

– Слушнав како некој вреска, рече тој. „Потоа сфатив дека врисокот е од мене. Останатото е сосема изгубено во магла“.

Цели три часа, неговата 17-месечна ќерка Пејтон била оставена во Форд експлорер, каде починала од срцев удар додека температурата постојано растела и ги надминала надворешните 24 Ц.

Мекинон претходно ја однел на лекар за контрола на ушите, а потоа се вратил на работа и заборавил да ја остави ќерка му во јасли.

Од нејзината смрт во март 2010, во САД починале речиси 150 деца, а само 17 годинава. Неколку родители се соочуваат со криминални обвиненија заради небрежност или како во попознатите медиусмки случаи со еден татко во државата Џорџија, со обвинение за убиство.

Baby given CPR on the side of the road in Maimi 78

Она што го прави случајот на овој маж, Џастин Херис, толку невообичаен е тоа што е обвинет за намерно оставање на неговиот мал син, Купер, на задното седиште за да умре, обвинување кое тој го негира.

И покрај јавните одгласи на случаите како со бебето Купер, бројот на трагедии останува речиси ист, по речиси 38 умирања годишно во изминатата деценија, вели Јан Нулс, метереолог-консултант кој ги бележи овие случаи.

Тој смета дека неговите бројки, кои се засновани на локални медиумски извештаи, го  маскираат вистинското ниво затоа што добива повици од ожалостени роднини чии најмили никогаш не стигнале во вестите.

Ако повеќе родители сфатат дека внатрешноста на паркиран автомобил се загрева за 10 степени за само 10 минути, ќе има помалку трагедии, велат од организацијата Сејф кидс ворлдвајд, која спроведува кампања голема кампања во јавноста.

Кога човековото тело ќе достигне температура над 40 Ц., органите се во ризик, но децата се покревки затоа што нивните тела се загреваат три до пет пати побрзо отколку кај возрасните.

Жртви на смртноста во автомобили се вообичаено деца на две, но има и на пет-годишна возраст, а смртта настапува кога надворешната температура изнесува најниски 23 Ц. Секоја држава во САД си има своја приказна, иако минатата година во Тексас и Флорида се случиле четвртина од сите смртни случаи.

Како законите се разликуваат во државите во САД

Повеќето држави со починувања во зовриени автомобили се справуваат со несериозни  закони, но во 19 држави тоа се директни упатства, меѓу кои стои:

– Ограничено е на 15 минути да го оставите вашето дете во автомобил на Флорида

– Прекршување на законот за соораќај во Калифорнија е ако го ставите вашето дете, помало од шест години, само во небезбедни услови во автомобил.

– Оставање на дете старо под седум години, небезбедно и со вклучен мотор, се смета за криминално дело во Тенеси и во Невада.

Познати се многу случаи и во други делови од светот, посебно во Австралија и во Израел, каде три починувања минатата година беа ударни во вестите.

Бројките во северна Европа се пропорционално пониски отколку во САД, но тоа и не изненадува заради постудената клима отколку во јужните држави на САД. Помеѓу 2007 и 2009 година, имало 26 случаи на инфаркти во Франција и Белгија, меѓу кои и седум фатални, велат од Чајлд сејфти Јуроп. Од Ројал сосајети фор превеншн од ексидентс, велат дека во Обединетото Кралство нема забележано вакви случаи.

– Во Европа бројот е повисок, но севкупно не е толку висок колку во САД, и таму нема толку многу возачи или автомобили, па затоа е тешко да се направи споредба, вели Нулс.
Бројот на случаи во САД почна да расте во доцните 90-ти, кога детските седишта се преместија од напред назад, заради опасноста која ја преставуваат воздушните перничиња.

– Во исто време, производителите на автомобилски седишта велеа дека детските седишта свртени кон назад се побезбедни, а дека не само децата туку и видливоста на задните седишта е понебезбедна, вели Нулс, кој вели дека ѓаволските мобилни телефони и поналудничавиот стил на живеење се исто така силни фактори.

Многу читатели можеби нема да веруваат дека некој родител може да остави дете на задното седиште, и тврдат дека грешките се непростливи. Одговорот на овие слуачи е обично саркастичен, но Кејт Кар, претседателката на Сејф кидс ворлдвајд, вели дека има три начини како децата можат да останат заробени безпомошно во автомобил.

Поголемиот дел од овие случаи се случуваат ненамерно, вели таа, кога возачите вклучуваат автопилот.

– Сум се сретнала со многу од овие семејства. Тоа може секому да му се случи, тоа не се лоши луѓе – тие се едни од најодговорните граѓани за кои би помислиле дека може тоа да им се случи. Понекогаш тоа е налудничаво брзиот живот и влијанието на технологиите во автомобилите кои го одвлекуваат вниманието на луѓето, вели таа.

Вториот начин е децата сами да влезат во автомобил, а ова е случај со околу 30 проценти од сите несреќи, вели Кар. А третиот е кога возачите намерно ги оставаат децата во автмобил за онолку време кое тие го сметаат за безбедно, можеби погрешно мислејќи дека отворен прозорец ќе спречи трагедија.

Подеднакво има сожалување и осуди за Шанеса Тејлор, која неодамна избегна судење затоа што ги оставила сами двата сина во вжештен автомобил додека била на интервју за работа. Децата биле спасени и неповредени. Таа тврди дека не можела да најде бебиситер и дека очајно барала работа.

Ненамерните случаи често се случуваат на јавни места, и минувачите ја забележуваат опасноста и интервенираат. Неодамна, еден човек со помош на чекан го скршил прозорецот од џип и спасил две мали деца на паркинг од шопинг мол во Тексас.

Неколку дена претходно, петгодишно дете било безбедно извлечено преку задното автомобилско стакло каде било оставено повеќе од еден час на повеќе од 32 Ц. во Албекрки, во Ново Мексико.

Постојат и обиди за потсетување на возачите – од обоени ленти кои ги измисли едно 12-годишно момче до апликации за мобилни телефони за потсетување. Во Белата куќа беше поднесена петиција со која се бара од претседателот на САД да обезбедеи средства за повеќе истражувања за технологии кои ќе спасат животи.

– Не постои техничко решение стопроценти безбедно, па затоа треба да се фокусираме на однесувањето – никогаш не оставајте дете во автомобил, чувајте ги клучевите од автомобилот подалеку од дофат на децатата, и ставете потсетници на предното или на задното седиште, вели Кар.

Визуелни ознаки можете и самите да си направите, како што се мобилни телефон, чевли, паричник или чанта оставени назад заедно со детето.

Препораки за спречување тоа да се случи

Оставете играчка мече на детското седиште кога е празно, а кога го сместувате детето во седиштето, тргнете го играчето на предното седиште.

Ставете чевел или мобилен телефон на седиштето заедно покрај вашето дете.

Поставете го детското седиште на местото зад совозачот.

Погледнете кон предните и задните седишта кога го заклучувате автомобилот.

Побарајте вашиот партнер да ви се јави да провери дали сте го оставиле детето во градинка.

Запрашана дали страшната грешка може да се смета за криминално дело, Кер вели: „Која поголема казна може за родител да биде од сознанието дека случајно сте го убиле вашето дете?“

По смртта на Пејтон, Мекинон бил уапсен и обвинет затоа што го оставил детето без внимание подолго од 15 минути, по што дошло до телесна повреда.

Соочен со пегодишна затворска казна, тој поднесе молба за договор со судот за замена за петгодишна општествена служба. Тој оди на состаноци на групи со родители за да им ја кажува неговата приказна, и така го одржува ветувањето кое и го дал на Пејтон дека ќе се труди да спасува други животи.

По смртта на Пејтон, тој има уште две деца со неговата жена Џулија, неговата љубов од средно училиште, која му е постојана поддршка, објаснува тој.

– Во повеќе од 65 проценти од случаите, врските се растураат, вели тој. „Повеќето завршуваат со развод. Жена ми знае дека никогаш намерно не би го повредил моето дете и до мене е од моментот на нашата страшна загуба“.

По четири години, сега 42-годиниот Мекинон се уште го прогонува тоа што се случило, но верува дека луѓето мораат да знаат дека тоа може и ним да им се случи.

-Луѓето сакаа да ме распнат за тоа што го сторив. И јас бев како нив пред тоа мене да ми се случи. Тогаш си мислев: Како можел да го заборави детето? Никогаш не би го сторил тоа. Тоа им се случува само на луѓе кои се необразовани, пијани, наркомани – не и на мене“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top