| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор херој – одби доза серум против ебола за да помогне

Американскиот лекар др.Кет Брантли и хигиеничарката Ненси Рајтбол се борат за живот откако биле заразени со ебола. Триесет и три годишниот доктор пристигнал во Либерија за да се бори против епидемијата.

Неколку часа пред полетувањето, Брантли се одрекол од дозата експериментален лек и го препуштил на колешката Рајтбол, долгогодишна мисионерка. И покрај серумот, нејзината состојба се влошила. Таа се наоѓа во стабилна, но тешка состојба.

Брантли ќе прими трансфузија на крв од 14-годишно момче кое ја преживеало еболата, а кое го лечел токму тој. Иако постапката не е докажана, се користи на заболените.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top