| четврток, 6 декември 2018 |

Јариќ заглавил во авион среде циклонот над Црна Гора

Српскиот кошаркар Марко Јариќ преживеа ризичен лет во средата навечер кога авионот во кој летал за Тиват се најде во центарот на невремето. Кошаркарот прво чекал повеќе од половина час за да полета бидејќи невемето било најавено. Кога конечно полетале, во авионот почнала да се одвива вистинска драма, пишува српски „Ало“.

Торбуленцијата беше голема. Децата почнаа да врескаат и да плачат и на сите им беше наредено да не стануваат од местата. Кога конечно стигнаа над Тиват, ги зафати најсилниот ветер, кој буквално го фрлше авионот. Јариќ пробуваше да остане смирен, но на лицето му се гледаше дека не му е сеедно – раскажува изворот.

На Марко и останатите патници два и пол часа не им дале ни чаша вода. Поради тоа што со густите облаци и молњите се бореле подолго од еден час, предвиденото време за слетување во Тиват поминало, но благодарејќи на професионалноста на персоналот од црногорската авиокомпанија патниците слетале безбедно.

Јариќ на аеродромот го пречекал пријател на кого му се пожалил дека не памти кога бил толку исплашен и дека ова му е еден од најлошите летови во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top