| четврток, 6 декември 2018 |

Глорија се засилува: Се подготвува невреме, попладнево ќе врне и грми

До крајот на овој ден под влијание на циклонот Глорија локално ќе има поизразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, објави Метомакс.

Во зоната на позначителната нестабилност ќе има услови и за позначително количество на воден талог за кратко време.

Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека уредите во домаќинствата да се исклучуваат од штекер со цел да не дојде до некоја несакана штета односно расипување на истите.

Инаку  циклонот Глорија влијае на времето и ширум Балканот и условува локално невреме и интензивни врнежи и електрични празнења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top