| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската ФХ3Х во „Чувари на галаксијата“

Guardians-of-the-Galaxy-The-Avengers-Movie-Team-Up

Македонските артисти од ФХ3Х се дел од најновиот спектакл на Дизни и Марвел, „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy), којшто вечер премиерно ќе биде  прикажан во Скопје.

Вкупно 31 артист од реномираната македонска компанија за визуелни ефекти и анимација работеше како дел од тимот на Method Studious во мај годинава.

Режисер на филмот е Џејмс Ган, а ѕвездите во филмот се Крис Прат, кој го игра ликот на Петер Кил, Вин Дизел, кој го позајмува гласот за ликот Грот – вонземјанин кој наликува на дрво, и Бредли Купер, кој го позајмува гласот на Рокет, платеник со одлично владеење на оружјето и војните тактики, без оглед на фактот што е генетски модификуван, кибернетички зајакнат ракун што зборува.

Марвел подготви и посебно доживување за фановите. Тоа е  http://www.thegalaxygetaways.com/en_us/интергалактички патувачки веб-сајт за потполно соживување на универзумот во кој се одвива дејството од филмот. Имено, откако ќе го кликнете веб-сајтот од вашиот телефон, ќе ве праша дали може да ја користи вашата локација и ако му дозволите, вселенски брод доаѓа да ве земе и избирате на која планета можете да отпатувате, Morag, Xandar или Knowhere. Секоја од планетите можете да ја истражувате со користење на „Стрит вју“ (Street View) и добивате временска прогноза за денот. Потоа можете да прочитате кои се условите за престој на планетата, кои вакцини се бараат и слично.

За оние кои ќе го отворат веб-сајтот од компјутер, видео кое е многу добар вовед во филмот.

Премиерата на „Чувари на галаксијата“ е вечерва во Синеплекс во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top