Македонските артисти од ФХ3Х се дел од најновиот спектакл на Дизни и Марвел, „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy), којшто вечер премиерно ќе биде прикажан во Скопје.
Вкупно 31 артист од реномираната македонска компанија за визуелни ефекти и анимација работеше како дел од тимот на Method Studious во мај годинава.
Режисер на филмот е Џејмс Ган, а ѕвездите во филмот се Крис Прат, кој го игра ликот на Петер Кил, Вин Дизел, кој го позајмува гласот за ликот Грот – вонземјанин кој наликува на дрво, и Бредли Купер, кој го позајмува гласот на Рокет, платеник со одлично владеење на оружјето и војните тактики, без оглед на фактот што е генетски модификуван, кибернетички зајакнат ракун што зборува.
Марвел подготви и посебно доживување за фановите. Тоа е http://www.thegalaxygetaways.
За оние кои ќе го отворат веб-сајтот од компјутер, видео кое е многу добар вовед во филмот.
Премиерата на „Чувари на галаксијата“ е вечерва во Синеплекс во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.