Судот во Тексас го осуди најголемиот синџир за брза храна „Мекдоналд“ да плати отштета од 27 милиони долари по обвинение за недоволна безбедност во еден од објектите, што придонело за смртта на двајца млади во февруари 2012 година, објави „Блумберг“.
Тексашкиот суд ја донел одлуката откако утврдил дека поради непреземање мерки за безбедност на компанијата 18-годишно момче било претепано до смрт во ресторанот поради несоодветна реакција, а 19-годишна девојка, која настрадала во сообраќајна несреќа, не била донесена навреме во болница.
Нивните семејства тврдат дека компанијата не ги презела потребните мерки за безбедност, особено откако истиот објект е постојано сцена на масовни тепачки регистрирани од полицијата.
Од најголемиот синџир за брза храна во светот најавија дека ќе поднесат жалба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



