| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо, Меси и Роналдо ја оштетиле Шпанија за 22 милиони евра

И покрај тоа што заработуваат милиони големите фудбалски имиња, бараат начин да избегнат плаќање на данок на стекнатите финансии.

Голема афера веќе две години наназад на оваа тема се подигна во Шпанија, каде на листата обвинети освен споменатите Мурињо, Роналдо и Меси, се уште и Нејмар, ди Марија, Маскерано и други.

Последен во низата е токму португалскиот стратег и актуелен менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо кој е осомничен за незаконска корист од 3,3 милиони евра, бидејќи во периодот кога бил тренер на Реал Мадрид (2011-2012.година) не пријавил приход од продажбата на правата на своите фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top